Израел се повлекува од централниот дел на Газа и ги повика жителите да се вратат во своите домови

Од:

Израелските војници и тенкови денеска се повлекоа од централниот дел на Појасот Газа и се упатија кон границата со Израел.

Претходно израелската воена команда ги повика Палестинците, кои ги напуштија своите домови поради воените дејствија, да се вратат назад. Ваквиот потег беше протолкуван од израелските медиуми како знак дека воената операција во Газа е при крај и армијата се подготвува за еднострано повлекување, објавувајќи победа.

Израелските власти засега одбиваат да ги коментираат ваквите наводи, а некои западни медиуми потсетуваат дека Тел Авив вака постапувал и во претходните војни против Газа.

Досега во текот на 25-дневните израелски напади загинале 1.669 Палестинци. Според локалните организации за заштита на човековите права, 80 проценти од жртвите се цивили, меѓу кои има и деца.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници