Израел се подготвува за брз напад врз иранските нуклеарни постројки

Од:

Израел се подготвува за брз напад врз иранските нуклеарни постројки доколку преговорите меѓу САД и Иран не успеат, објави американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на два израелски извори запознаени со разговорите.

Израелската разузнавачка заедница го промени својот став само во последните неколку дена – од верување дека нуклеарниот договор е близу до постигнување, до мислење дека преговорите наскоро би можеле да пропаднат, тврдат извори.

Еден извор изјави дека израелската војска верува дека нејзиниот оперативен прозорец за успешен напад наскоро може да се затвори, па затоа Израел ќе мора брзо да дејствува ако разговорите не успеат. Изворот не сакаше да открие зошто војската верува дека нападот подоцна ќе биде помалку ефикасен.

„Имаше многу обуки и американската војска гледа сè и разбира дека Израел се подготвува“, изјави еден извор за „Аксиос“.

И двата извори потврдија извештај на Си-Ен-Ен дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) спроведуваат вежби и други подготовки за можен напад врз Иран.

Би можело да ве интересира

Аун: Прекинот на огнот е единственото решение што води кон преговори со Израел

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

Турција: НАТО е одбранбен сојуз и нема потреба да интервенира во Ормутскиот теснец

Ердоган му порача на Пезешкијан: Разговорите меѓу САД и Иран треба да се искористат максимално

Зеленски: Украинските сили соборија беспилотни летала „Шахед“ за време на војната во Иран

Израел: Повеќе од 7.500 повредени од почетокот на конфликтот со Иран