Израел: Русија се уште нема испорачано ракетни системи С-300 на Сирија

Од:

Русија се уште не извршила испорака на ракети С-300 на Сирија, но Израел знае како да дејствува ако тоа се случи, изјави израелскиот министер за одбрана Моше Јалон.

– Можам да кажам дека испораките се уште не се направени. Се надевам дека тоа нема да се случи, но доколкустигнат до Сирија, ние знаеме што да правиме, изјави израелскиот министер.

Изјавата на Јалон е во спротивност на минатонеделните тврдења на командантот на воздухопловните сили на Израел, дека ракетите се на пат кон сирискиот претседател Башар ал Асад.

Израел стравува од евентуална руска испорака на софистицирани ракетни системи за Сирија, бидејќи постои опасност ваквото оружје да падне во рацете на Иран или либанската група Хезболах.

Би можело да ве интересира

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег