Израел првпат ја обвини Русија за воени злосторства

Од:

Израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид остро ја осуди Русија за, како што рече, „воените злосторства“ во Украина.

– Сликите и сведочењата од Украина се ужасни. Руските сили извршија воени злосторства против цивилното население без одбрана. Остро ги осудувам овие воени злосторства, истакна Лапид.

Претходно денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет ги осуди убиствата на цивили во украинскиот град Буча, но не ги обвини руските сили за тие злосторства.

Сега, неговиот министер го направи тоа и ова е првпат Израел да ја обвини Русија за воени злосторства во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел повторно нападна бегалски камп во Газа, има мртви

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“