Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска го обвини Израел дека провоцира трета интифада на окупираните територии со прекумерната употреба на сила врз демонстрантите Палестинци, пренесе ДПА.
Палестинската власт се обидува да го зачува мирот и стабилноста на Западниот брег, додека Израел „прави се што е можно да доведе до тоа ситуацијата до избувне во трета палестинска интифада“, рече палестинскиот лидер на заседание на неговата партија „Фатах“.
Израелски војници вчера на Западниот брег застрелаа двајца демонстранти Палестинци, кои врз нив фрлале „Молотови коктели“.
Во текот на оваа недела во оваа автономна палестинска територија владее напнатост заради смртта на палестински затвореник, потсетува ДПА.