Израел пресретна лансираните ирански балистички ракети со боеви глави

Од:

Иранската Исламска револуционерна гарда тврди дека лансираше балистички ракети со експлозивни боеви глави од еден тон во правец кон аеродромот Бен Гурион во Израел.

ИРГК соопшти дека се лансирани ракети Хорамшахр-4 во „срцето на Тел Авив и кон базата на 27-та ескадрила на израелските воздухопловни сили.

Во Израелските воздухопловни сили нема 27-ма ескадрила, а тврдењето веројатно се однесува на воздухопловната база 27, или воздухопловната база Лод, која некогаш била дел од аеродромот Бен Гурион пред да биде трајно затворена во 2010 година.

Според израелската војска, сите ирански балистички ракети лансирани кон Израел се пресретнати од против-воздушната одбрана. Една ракета лансирана погодила отворена површина во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да дозволиме Иран да поседува нуклеарно оружје

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација

Иран негира вмешаност во планиран терористички напад во Грција

Ројтерс: САД извршија напад врз иранска локација за лансирање ракети на островот Кешм

Американските разузнавачки служби предупредуваат: Иран планира можен напад со радиоактивна бомба во Вашингтон

Херцог: Израел ја брани Европа од џихадистички бран