Израел одобри изградба на околу 1.200 станови во Западен Брег и источен Ерусалим

Од:

Израелскиот министер за домување Ури Ариел издаде конечно одобрение за изградба на повеќе од илјада станови во еврејските населби во окупираниот Западен Брег, само три дена пред втората рунда на неодамна обновените израелско-палестински мировни преговори.

Ариел посочи дека ќе се гради во Западниот Брег, но и во источен Ерусалим, на териториите што Израел ги освои во шестдневната војна во 1967 година. Источен Ерусалим подоцна е анектиран, а меѓународната заедница никогаш не го призна.

Палестинците сакаат да формираат независна држа на тие територии, при што ќе биде опфатена и Појас Газа.

– Во источен Ерсуалми ќе се изградат речиси 800 станови и приближно 400 во неколку еврејски населби во Западниот Брег.

Палестинскиот претседател Махумд Абас одбиваше да се врати на преговорите се додека Израел не го замрзне ширењето на еврејските населби, но попушти под силниот притисок на САД.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски