Израел одобри изградба на 700 станови за Палестинци

Од:

Израелската влада, едногласно, доцна синоќа ја одобри понудата за изградба на повеќе од 700 единици за домување на Палестинците на Западен Брег, покрај 6.000 израелски домови, изјави израелски службеник, кој побарал да остане анонимен.

Дозволите ќе бидат издадени за изградба во областа Ц, која опфаќа околу 60 проценти од Западниот Брег, каде Израел има целосна контрола и каде се наоѓаат повеќето еврејски населби, пренесува Танјуг.

Владата на Бенјамин Нетанјаху дозволи да се градат десетици илјади куќи за да се населат Евреите, но градежните дозволи за Палестинците се ретки.

Најавата за изградба на нови домови за Палестинците доаѓа откако зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и пратеник за Блискиот исток Џаред Кушнер најави посета на регионот.

Би можело да ве интересира

Либанско Министерство за здравство: Најмалку тројца загинати и 17 ранети во денешниот израелски напад

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел го нападна Либан-силна експлозија во Бејрут

Акција во јужен Либан: Израел уништи неколку стотици ракетни фрлачи на Хезболах

ВИДЕО: Како Израел ги претвори пејџерите во модерен тројански коњ

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: „Блискиот исток е пред најголемата војна во последните 50 години“

Катерина Ѓуровски

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ