Израел ја одобри четвртата доза вакцина против Ковид-19 за сите лица постари од 60 години и медицинскиот персонал, објави денеска премиерот Нафтали Бенет.
Бенет изјави дека Министерството за здравство ја одобрило одлуката два дена по одобрувањето на четвртата доза за групата граѓани со висок ризик.
„ Омикрон бранот е тука и мора да се заштитиме“ изјави Бенет.
Израел, во четвртокот ја доби првата пратка таблети за лекување на заболените од коронавирус од фармацевтската компанија Фајзер.
Во изминатите денови Израел бележи огромен пораст на бројот на новозаболени , но засега не е потврдено ново зголемување на бројот на хоспитализирани пациенти.
Во земјата денеска има 4.206 нови случаи на коронавируси. Во Израел има зголемување на новите случаи за 195 отсто за една недела, што може да го зголеми притисокот врз здравствениот систем.