Со скара, аеромитинг на авиони и меѓународен квиз на теми од Библијата, Израел одбележува 65 години од формирање на државата.
Израелските лидери се вклучија во прославата, пеејќи весели песни на телевизија.
Израелскиот претседател Шимон Перес во своето обраќање наведе дека непријателите на Израел со децении се обидуваат да ја уништат еврејската држава и дека војната против нив била правдна.
Тој додаде дека Израел ќе се заштити од сите опасности кои идат од Хезболах и Хамас, додека за иранското раководство рече дека е „умоболно“.
Командантот на израелската армија генерал Бени Ганц истакна дека ќе продолжи да ги штити Израелците „до денот во кој ќе настапи мир“.