Израел објави фотографии од операцијата во Газа: „Ги напаѓаме сите делови“

Од:

Портпаролот на израелските одбранбени сили(ИДФ) Џонатан Конрикус рече дека израелската армија „напаѓа во сите делови на Појасот Газа“. Израел ќе ја „засили“ хуманитарната помош за Палестинците во Појасот Газа, додаде тој.

„Ги фокусираме нашите активности на северниот дел на Газа, каде што е седиштето на Хамас, но продолжуваме да напаѓаме и во другите делови на Газа. Ги ловиме нивните команданти, ја напаѓаме нивната инфраструктура и секогаш кога ќе се појави важна цел – го напаѓаме“, рече тој.

ИДФ објави и фотографии на социјалните мрежи за кои тврди дека ги прикажуваат копнените сили во Газа.

ИДФ тврди дека погодила околу 300 цели и убила „многубројни“ борци на Хамас во изминатите 24 часа. Се вели дека биле погодени фрлачи на противтенковски ракети, локации за лансирање ракети и воени објекти во подземните тунели.

„За време на копнените операции на силите, војниците имаа неколку судири со терористички ќелии кои исто така истрелаа противтенковски проектили врз нив“, се вели во соопштението на ИДФ.

„Војниците ги убија терористите и ги насочија воздухопловните сили да напаѓаат цели и терористичка инфраструктура“, се додава.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа