Израел нареди нова евакуација во северниот дел на Газа

Од:

Израелската армија, која води повеќенеделна офанзива во северниот дел на Газа, им нареди на сите жители што останаа во Беит Ханун да го напуштат.

Наредбата за заминување предизвика нов бран на раселување, иако не е јасно колку луѓе се погодени, велат жителите. Израел вели дека неговата речиси тримесечна офанзива во северниот дел на Газа е насочена кон милитантите на Хамас и спречување на нивно прегрупирање и дека наредбата за евакуација има за цел да ги заштити цивилите од штета.

Палестински и претставници на Обединетите нации, сепак, велат дека нема безбедно место во Газа и дека евакуациите ги влошуваат хуманитарните услови на населението, кое и онака има недостиг од вода, храна и лекови.

Голем дел од областа околу северните градови Беит Ханун, Џабалија и Беит Лахија се срамнети со земја, што поттикна шпекулации дека Израел има намера да ја задржи областа како затворена тампон зона по завршувањето на борбите во Газа.

Би можело да ве интересира

Хамас ги отфрла идеите на Трамп за раселување на Палестинците од Газа

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Нетанјаху за планот на Трамп за Газа: Тоа може да ја промени историјата

Горан Наумовски

Трамп: САД сакаат да го заземат Појасот Газа

Хамас: Почнуваат нови преговори за ставање крај на војната во Газа