Израел напаѓа, Хамас се заканува со одмазда

Од:

Израелските сили денеска го убија врховниот командант на палестинската милитантна група Исламик џихад, која е поддржана од Иран, во напад извршен во Појасот Газа, на што екстремистите одговорија со ракетирање на израелски градови, вклучувајќи го и Тел Авив.

Израелската војска соопшти дека во воздушниот напад е убиен командантот Абу ел Ату во неговата куќа во Појасот Газа, што е потврдено и од екстремистичката група.

Сириските медиуми објавија и дека израелските безбедносни сили гаѓале станбена зграда во Дамаск, во која живее вториот командант на Исламик џихад, Акрам Екл Аџури, при што загинале две лица, но се уште не се знае дали меѓу жртвите е и еден од неговите синови.

Поради овие напади палестинското движење Хамас вети дека ќе се одмазди, нагласувајќи дека Израел „ќе има последици поради овој опасен напад и ескалациите“.

Во утринските часови се слушнале сирени во сите градови на Израел, а училиштата во јужниот и централниот дел на земјата денеска ќе бидат затворени. На граѓаните им е препорачано да останат во своите домови, да не одат на работа, а отворени се и засолништата.

Би можело да ве интересира

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња