Израел нападна радар во Иран

Од:

Израелски воени авиони наводно нападнале радар во северен Иран по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишува „Скај њуз“.

Претседателот на САД претходно го повика Израел да не започнува напади врз Иран како одмазда за наводното кршење на примирјето од страна на Техеран претходно во текот на денот.

Нетанјаху му рекол на Трамп дека не може да го откаже нападот и дека е неопходен бидејќи Иран го прекршил примирјето, објави новинар на „Аксиос“, повикувајќи се на израелски функционер. Сепак, Нетанјаху рекол дека нападот ќе биде значително намален и дека ќе биде погодена само една цел.

Подоцнежните извештаи на иранските медиуми велат дека нападите го погодиле Баболсар, крајбрежен град на Каспиското Море северно од Техеран.

Би можело да ве интересира

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Русија: Неиспровоцираниот напад претрпе тежок пораз

Хегсет: Иран побара прекин на огнот

Трамп тврди дека е постигнат договор меѓу САД и Иран за нуклеарниот материјал: „Ќе го ископаме заедно!“

Би-Би-Си: Примирјето со Иран е делумна победа за Трамп, но доаѓа со висока цена

Револуционерната гарда го држи „прстот на чкрапалото“