Израел најавува: Mета ни е и наследникот на Али Хамнеи

Од:

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денес изјави дека секој лидер назначен од иранскиот режим да го замени убиениот ајатолах Али Хамнеи ќе биде „недвосмислена цел за елиминација“.

– Секој лидер назначен од иранскиот режим да го предводи планот за уништување на Израел, закана кон САД, слободниот свет и земјите од регионот и угнетување на иранскиот народ ќе биде недвосмислена цел за елиминација, рече Кац во соопштението, објавено од „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека „не е важно какво е името или каде се крие“ и рече дека Израел, заедно со своите американски партнери, ќе продолжи да дејствува „со полна сила“ за да „ги демонтира можностите на режимот и да создаде услови иранскиот народ да го собори и замени тој режим“.

Би можело да ве интересира

Лапид: Најголемата дипломатска катастрофа во нашата историја

Аксиос: Како Хамнеи постигна двонеделно примирје со Трамп?

Иран: Преговорите со САД започнуваат во Пакистан со целосна недоверба кон американската страна

Трамп: Ќе има многу позитивни акции, ќе се заработат многу пари

Иран продолжува со нападите: Кувајт и Катар соборуваат беспилотни летала

„Вашингтон пост“: Тврдењата на Хегсет за војната во Иран не се совпаѓаат со реалноста

Горан Наумовски