Израел ќе ослободи 26 палестински затвореници

Од:

Израел вчера реши во следните неколку дена да ослободи 26 палестински затвореници, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на официјално соопштение.

Одлуката била донесена синоќа од израелската владина комисија, согласно минатомесечната спогодба што го овозможи обновувањето на мировните преговори со посредништво на САД, по тригодишен прекин.

Дваесет и шестмината затвореници ќе бидат прва од четирите групи од вкупно 104 затвореници кои владата на премиерот Бенјамин Нетанјахуминатиот месец одлучи да ги ослободи со цел обновување на преговорите.

Одлуката доаѓа на три дена пред закажаниот втор круг од израелско-палестинските преговори, што ќе се оддржи во Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Израел се согласи на примирје со Хезболах

А1он

Бајден и Макрон ќе објават прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах

Либан: Нема сериозни пречки за започнување на прекин на огнот

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија