Израел ќе гради 22 нови еврејски населби во окупираниот Западен Брег

Од:

Израел објави основање на 22 нови еврејски населби во окупираниот Западен Брег, вклучително и легализација на веќе изградени пунктови без владини дозволи, соопшти денес Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Израел Кац рече дека одлуката „го зајакнува израелското присуство во Јудеја и Самарија“ – како што израелските власти го нарекуваат Западниот Брег – и претставува „решителен одговор на палестинскиот тероризам“, објави АП.

Тој додаде дека тоа е и „стратешки потег што го спречува формирањето на палестинска држава што би ја загрозила безбедноста на Израел“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прати му го ова на Трамп: Иранците на улица го прославуваат изборот на Моџтаба Хаменеи

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Наини: Спремни сме за најмалку шестмесечна војна против САД и Израел

Нападнат е хотел во Бејрут, има загинати и ранети

(ВИДЕО) Бројот на повредени во иранскиот напад врз Израел се зголемува