Израел ќе ги затвори премините со палестинските територии на денот на изборите

Од:

Израелската армија утре ќе ги затвори сите гранични премини меѓу Израел, Западниот Брег и Појасот Газа за време на гласањето на парламентарните избори во земјата, јави агенцијата Анадолија.

Затворањето треба да започне во 00:01 часот по локално време и се очекува да трае до 23:59 часот.

Израелската армија соопшти дека граничните премини ќе бидат повторно отворени во зависност од проценката на ситуацијата.

Ваквите затворања се стандардна практика за време на еврејските празници и избори, за кои војската вели дека е мерка на претпазливост. Сите дозволи за влез на палестинските работници за време на затворањето се суспендирани.

Утрешните парламентарни избори во Израел ќе бидат петти за помалку од четири години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците

Хамас: Подготвени сме за сериозни преговори за ставање крај на војната во Газа

Убиен командант на Хезболах во напад на југот на Либан