Израел ја откажа мисијата на ОН

Од:

Израел денеска соопшти дека го откажува доаѓањето на делегацијата на Обединетите нации, која требаше да почна истрага во ерусалимскиот стар град.

Откажувањето е, како што наведуваат израелските власти, палестинското политизирање на мисијата.

– Палестинците не го почитуваат разбирањето. Посетата требаше да биде професионална, но тие преземаат мерки за политизација на настанот и не и дозволуваат на делегацијата да се фокусира на професионалната страна на тоа, изјави неименуван претсатвник на Министерството за надворешни работи.

Тој наведе дека Палестинците сакале мисијата да истражи што Израел презема во Ерусалим, во чиј источен дел тие планираат да биде нивната престолнина.

– Спротивно на договорот постигнат во април во УНЕСКО во Париз, Палестинската управа инсистира да ја одведе делегацијата на Брдо на храмовите, за да се сретне со политичките претставници, а не само со инженерите, архитектите и професионалците. Израел смета дека тоа е неприфатливо и се надева дека доаѓањето на делегеацијата е само одложено, а не и откажано, посочи изворот.

Договотот беше да се работи на зачувување и рехабилитација на ерусалимскиот стар град во замена Палестинците да се откажат од петте антиизраелски резолуции во УНЕСКО.

Брдото на храмовите е свето место и за Евреите, бидејќи таму се наоѓаат древните еврејски храмови, но и за Арапите, бидејќи таму се наоѓа џамијата Ал Акса, трета по значење во исламот.

Брдото на храмовите се наоѓа во источен Ерусалим, што Израел го окупира во шестдневната војна во 1967 година и подоцна го анектира, а меѓународнатра заедница никогаш не го призна.

Израелските лидери тврдат дека обединет Ерусалим ќе остане престолнина на Израел.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски