Израел изврши копнена операција во Појасот Газа

Од:

Израелски специјални единици во текот на ноќта започнаа копнена операција во северниот дел на Појасот Газа, која е прва откако во вторникот е започната офанзива против палестинското движење Хамас, јави израелското радио.

Мета на краткиот упад на палестинска територија било место за лансирање ракети. Военото крило на Хамас, Бригадите Изадин ал Касам, потврди дека израелски командоси започнале престрелка со палестинските борци.

Израелски воен портпарол истакна дека четворица израелски војници биле полесно повредени за време на оваа операција.

Претходно, израелската војска им нареди на Палестинците, кои живеат во северниот дел на Појасот Газа да се евакуираат поради сопствена безбедност.

Бригадниот генерал Моти Алмоз, кој е главен воен портпарол, изјави дека Израел планира да го нападне тоа подрачје во следните 24 часа, со цел да ја зајакне офазивата против екстремистите во Појасот Газа, од каде се истрелуваат ракети кон Тел Авив.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја