ВИДЕО: Израел и ОАЕ постигнаа историски мировен договор со посредство на Трамп

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп на социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на двете земји и дека е постигнат договор за обновување на дипломатските билатерални односи.

„ОГРОМЕН чекор напред денеска! Историски мировен договор меѓу нашите две земји пријатели, Израел и Обединетите Арапски Емирати!“, напиша американскиот претседател.

Мировниот договор, како што пишува Трамп, е прифатен од страна на израелскиот премиер Нетанјаху и Мохамед бин Зајед, престолонаследник на Абу Даби.

На барање на американскиот претседател Доналд Трамп, Израел се согласил да ги прекине плановите за зафаќање на повеќе области на палестинските територии, наместо тоа, државата во иднина ќе треба да се фокусира на „проширување на односите со другите држави од арапскиот и муслиманскиот свет“, се вели во заедничката изјава објавена од тројцата претставници.

„Овој историски дипломатски чекор напред ќе придонесе за мирот на Блискиот исток и е сведоштво за дипломатијата и визијата на тројцата лидери и храброста на Обединетите Арапски Емирати и Израел да започнат нов пат што ќе ја отвори вратата за големиот потенцијал на регионот“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Со договорот се овозможува муслиманите да имаат поголем пристап до џамијата Ал Акса во Стариот град Ерусалим, како и можност за отварање на летови од Абу Даби кон Тел Авив, но исто така, двете држави ќе треба ја прошират и забрзаат соработката во лекувањето и развојот на вакцината против Ковид-19.

Овој потег претставува изненадувачки пресврт на предизборната реторика на Нетанјаху, кога израелскиот премиер ветуваше дека ќе има анекција на „окупираните израелски територии“ од страна на Палестина.

Би можело да ве интересира

Орбан: Унгарија има добри шанси да постигне договор со Вашингтон

Горан Наумовски

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

(ВИДЕО) Зеленски земаше пари од Бајден како бонбони од дете, вели Трамп

Трамп: Нуклеарното оружје е чудовиште што може да го донесе крајот на светот