Израел го прифати предлогот на Египет за примирје

Од:

Израелскиот Кабинет за безбедност го прифати предлогот на Египет за примирје со Палестинците, соопшти канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

– Кабинетот одлучи да одговори позитивно на египетската иницијатива за прекин на огнот, се наведува во соопштението.

Египет синоќа предложи привремен прекин на огнот како прв чекор за ставање крај на најновиот израелско-палестински судир, во кој досега животот го загубија 175 лица, а над 1.200 се ранети.

Египетското Министерство за надворешни работи објави план во три точки, што треба да почне со 12-часовен прекин на огнот од страна на Израел и Хамас. Потоа следи отворање на граничните премини и преговори во Каиро меѓу двете страни.

Портпарол на палестинското движење Хамас во Газа изјави дека групата го нема уште официјално добиено предлогот за примирје, повторувајќи го неговиот став дека прво треба да се исполнат неговите барања пред да го предадат оружјето.

Военото крило на Хамас, „Бригадите ал Касам“ меѓутоа го отфрли предлогот за прекин на огнот, оценувајќи го како капитулација.

– Станува збор за капитулација и ние го отфрламе (предлогот) без размислување, наведе во соопштение оваа милитантна група, заканувајќи се притоа со дополнителна ескалација на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници