Израел го одбележува Денот на сеќавањето на загинатите војници и жртви на тероризмот

Од:

Сирени денеска се огласија во Израел во 11 часот по локално време означувајќи две минути молк по повод Денот на сеќавање на загинатите војници и жртвите на тероризмот.

Во државата Израелците ја прекинаа работата, застанаа на улиците, запреа со автомобилите да оддадат почит и да се сетат на загинатите.

Тоа е еден од најтажните денови во израелскиот календар како Денот на сеќавање на холокаустот кој беше одбележан минатата недела.

Од 1860 година кога Евреите почнаа да се враќаат во својата татковина, загинале 23.085 припадници на безбедносните сили.

Денеска сите места за забава се затворени додека радиото и телевизијата емитуваат само документарни програми за војни и убиени војници.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски