Израел го намали бројот на загинати во нападот на Хамас

Од:

Израел го ревидираше бројот на загинатите во нападот на Хамас на 7 октомври од 1.400 на 1.200, изјави денеска за AFP портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Хајат.

„Ова е нова проценка“, рече Хајат, без да даде образложение за новата бројка.

Новата бројка од 1.200 загинати, главно цивили, кои загинаа во напад на палестинското исламистичко движење Хамас на 7 октомври беше дадена во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи.

„Терористите на Хамас ладнокрвно убија околу 1.200 луѓе и киднапираа 240, меѓу кои деца, жени и постари лица“, се вели во соопштението.

По 7 октомври израелските власти работат на идентификување на телата пронајдени на различни локации во јужен Израел.

Пред повеќе од еден месец Израел објави војна за да го „уништи“ Хамас, кој е на власт во Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Околу 100 ракети истрелани од Либан погодија куќи и автомобили во Израел

Кац: Враќањето на заложниците е најважната цел на израелската операција во Појасот Газа

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас

Афиф: Хезболах не доби официјален предлог за прекин на огнот, има оружје за долга војна