Израел ги враќа имигрантите од Африка

Од:

Израел денеска го започнува со депортирањето на Јужносуданци кое беше најавено во кампањата за справување со бранот незаконски имигранти од Африка.

Првиот авион со 120 Јужносуданци ќе замине вечерва. Нов лет е планиран идната недела.

На секој вратен бегалец ќе им биде исплатено по 1000 евра за возрасни и по 500 евра за дете.

Околу 60.000 африкански имигранти успеале да влезат во Израел преку границата со Египет во последните неколку години.

Тие бегаат во потрага по работа или од тешките неподносливи режими на земите од кои потекнуваат.

Околу една третина од имигрантите се од Еритреја. Тие нема да бидат вратени во татковината бидејќи со одлука на ОН им се дава право на прибежиште.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници