А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Израел: Ги уништивме иранските лансери, имаме целосна воздушна контрола над Техеран

by А1он16/06/2025 - 11:542613
Share0

Израелската армија објави дека воспоставила целосна воздушна контрола над Техеран и дека уништила значаен дел од ракетните капацитети на Иран во последните напади, јавува Би-Би-Си.

Добивај вести на вибер

„Постигнавме целосна контрола врз воздушниот простор над Техеран“, изјави бригадниот генерал Ефи Дефрин, портпарол на израелската војска.

Во обраќање до медиумите, тој додаде дека од почетокот на израелската операција се уништени повеќе од 120 лансери за ракети земја-земја, што е околу една третина од вкупниот број што е на располагање на Иран.

Според него, повеќе од 20 лансери биле уништени само за време на синоќешните напади, „неколку минути пред да треба да се користат за испукување ракети кон Израел“.

Дефрин, исто така, рече дека израелските воздухопловни сили извршиле голем бран напади врз околу 100 воени цели во Исфахан, во централен Иран. Во нападот биле вклучени околу педесет борбени авиони, насочени кон ракетни складишта, системи за лансирање и командни центри.

Израел вели дека нападите се дел од поширока операција насочена кон трајно намалување на способноста на Иран да лансира ракети против израелска територија.

Иран сè уште јавно не го потврди обемот на своите загуби.

iranizraelsvet

Би можело да ве интересира

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 12:21

Како планира Иран да ја добие војната

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 12:14

Цените на нафтата нагло паднаа

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 09:47

(ВИДЕО) Трамп се заплетка со одговорот за училиштето во Иран: Не знам доволно

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 08:2410/03/2026 - 09:02

Војната во Иран брзо ги исцрпува американските залихи од напредно оружје

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 08:08

Иранците поставија услов Европејците и Арапите слободно да минуваат низ Ормускиот теснец

Катерина Ѓуровски10/03/2026 - 07:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен