зраел речиси се откажа од сите правила кои налагаа докажување на вакциналниот статус и покрај рекордниот број пациенти со тешка форма на Ковид-19.
Од понеделник луѓето ќе мора да докажуваат дека се вакцинирани или дека се опоравиле од ковид само за да присуствуваат на големи собири како венчавки.
Ова значи дека сите ќе можат да влегуваат во ресторани, кина, хотели без да покажуваат потврда за негативен тест. Промената на правилата исто така значи дека за излез од Израел, невакцнираните не мора да имаат негативен тест.
Правилата се ублажени и покрај тоа што во болниците во моментов од ковид се лекуваат најмногу луѓе од почетокот на пандемијата. Според податоците на Министерството за здравство, 1.250 пациенти се тешко болни.
Бранот на варијантата омикрон, врвот го достигна пред околу две седмици. Денеска во Израел се регистрирани 52.600 нови случаи, драстично помалку од скоковите како 85.000 во еден ден.