Израел ги повикува Иранците да се евакуираат од локацијата на нуклеарниот реактор во Арак

Од:

Израелската војска ги предупреди Иранците да се евакуираат од областа на нуклеарниот реактор со тешка вода, кој се наоѓа на границата меѓу градовите Арак и Кондаб во централен Иран, заради сопствена безбедност.

Реакторот со тешка вода се наоѓа на периферијата на Кондаб. Војската во соопштението наведува дека работи во областа против иранската воена инфраструктура.

Тешката вода помага во ладењето на нуклеарните реактори, но произведува плутониум како нуспроизвод што потенцијално би можел да се користи за производство на нуклеарно оружје.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го повика Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки.

Инспекторите на МААЕ, наводно, последен пат го посетиле Арак на 14 мај.

Би можело да ве интересира

Трамп: Почнуваме блокада на Хормуз, ова е меѓународна уцена

Ормутскиот теснец е комплетно под наша контрола и не е предмет на преговори, порача Иран

Не им веруваме на Американците, порача еден од клучните ирански преговарачи

ВИДЕО: Израел уништи цели села на југот на Либан

Што значи и што може да донесе пропаѓањето на преговорите меѓу Иран и САД

ВИДЕО: Реакцијата на Трамп на пропаднатите преговори

Катерина Ѓуровски