Израел ги отстрани најновите безбедносни мерки кај светите места во Ерусалим

Од:

Израелските власти рано утринава ги отсранија и последните најнови мерки за безбедност, што беа поставени близу од светите места во Ерусалим и предизвикаа силен револт меѓу Палестинците.

Прво беа поставени детектори за откривање метал на главните приоди кон ерусалимскиот Рид на Храмот, кој е свето места како за евреите, така и за муслиманите.

Остратата реакција на Палестинците, кои ги обвинија израелските власти дека ги спречуваат муслиманите да одат на молитва, предизвика насилства, поради што детекторите да бидат повлечени и заменети со специјални камери опремени со сензори.

Палестинците се спротивставија и на тоа решение, па одлучија да ги бојкотираат молитвите во џамијата и да се молат демонстративно, во подножјето на светета локација.

Одлуката да се отстранат сите нови безбедносни мерки, доаѓа пред утрешниот ден за молитви кај муслиманите и најавените масовни протести на кои повикаа Ал Фатах и екстрамистичката група Хамас, која ја има контролата над Појасот Газа.

Засега е нејасно дали муслиманите ќе се откажат од бојкотот што беше воведен кон светата локација.

Специјални безбедносни мерки Израелците воведоа откако израелски Арапи убија двајца полицајци кај Ридот на Храмот.

Во насилствата што избија, според палестински извори, биле убиени четворица Палестинци, а тројца Евреи, жители на една од населбите на Западниот Брег, беа избодени со нож, во знак на одмазда.

Би можело да ве интересира

Американски претставници на средба со Нетанјаху: Примирјето со Хезболах мора да ја гарантира безбедноста на Израел

А1он

ВИДЕО: Најсмртоносен напад на Хезболах на Израел, убиени петмина

Катерина Ѓуровски

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Новиот шеф на Хезболах: Напуштете ја нашата земја, ако останете ќе платите

Најмалку 19 загинати Палестинци во новиот израелски напад на Газа

Хезболах тврди: Нетанјаху е исплашен бидејќи е наша мета

Горан Наумовски