Израел ослободи синоќа 26 палестински затвореници со подолги затворски пресуди, кои се дел од 104-те затвореници, кои вети дека ќе ги ослободи во замена за согласноста на палестинската страна да бидат обновени преговорите, кои веќе три години се во ќор сокак.
Ослободувањето на првата група од палестинските затвореници е направено непосредно пред за денеска закажаните мировни преговори во Ерусалим.
Единаесет палестински затвореници беа ослободени на Западниот Брег, а 15 на контролниот пункт Ерец, од каде влегоа во Појасот Газа.