Израел: Египетската армија треба да има поддршка во борбата против исламистите

Од:

Израел смета дека египетската армија треба да се поддржи во борбата против „Муслиманско братство“, изјави за весникот „Џерусалем пост“ израелски официјален претставник.

– Треба да се поддржат египетските војници, „за да можат да го придвижат развојот на земјата“, изјави израелскиот претставник, чиј идентитет и функција не се соопштуваат.

Според израелските медиуми, премиерот Бенјамин Нетанјаху наредил на членовите на Владата и на официјалните портпароли да не ги коментираат јавно настаните во Египет и да не ја критикуваат политиката на САД кон Египет.

Според изворот на „Џерусалем пост“, не треба „ништо да се одзема од војниците, да не им се наштетува, да не им се закануваат“, имајќи го предвид неодамнешното откажување од САД на заедничките воени вежби со Египет во знак на протест против репресиите на египетската армија, како и разгледувањата за замрзнување на помошта на САД за Египет во износ од 1,5 милијарди долари годишно.

Весникот наведува дека израелски претставници апелираат до САД и земјите од ЕУ дека треба да се дејствува на тој начин да не се дозволи Египет да се распадне.

Би можело да ве интересира

Тројца уапсени откако беа испукани ракети во резиденцијата на Нетанјаху

Портпаролот на Хезболах Мохамед Афиф е убиен во израелски напад врз центарот на Бејрут

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан од почетокот на копнената операција

Најмалку 15 лица загинаа, а 16 се ранети во израелскиот напад на Дамаск

Нов израелски напад врз Либан, се зголемува бројот на загинатите