Израелскиот министер за одбрана Моше Јалон повика денеска за соработка меѓу западните разузнавачки служби во борбата против џихадистите од Исламска држава (ИД).
– За да ја спречиме и победиме ИД, ние научивме по 11 септември, дека треба да постои соработка меѓу западните разузнавачки служби, дека е потребна размена на информации и оперативна соработка во некои области, истакна Јалон.
Тој смета дека „западниот свет досега се покажал премногу толерантен кон терористичките организации и кон земјите кои го поддржуваат тероризмот, како на пример Иран“.