Едно лице претставувајќи се како Роберт Ханиген, директор на разузнавачка служба успеало да стапи во контакт со британскиот премиер Дејвид Камерон.
Британските власти ги зголемуваат мерките за безбедност поради непознатото лице, кое тврдело дека е директор на владината разузнавачка агенција GCHQ.
Како што пренесуваат медиумите Камерон го прекинал разговорот кога му станало јасно дека соговороникот е измамник, а не Ханиген.
Официјални лица соопштија дека сличен повик претходно е упатен и во разузнавачката служба GCHQ, со кој измамникот успеал да го обезбеди бројот од мобилниот телефон на Ханиген.
-Тој број на телефон никогаш не се употребува за повици со доверлива содржина -прецизираат официјалните лица.
Е. Г.