Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска е поголема отколку пред пет години

Од:

Излезноста на вториот круг од претседателските избори во Полска до 12 часот изнесувала 24,83 проценти, објави Националната изборна комисија. Објавените податоци се добиени од сите 29.815 окружни изборни комисии, објавува агенцијата ПАП.

Според овие податоци, излезноста до пладне била поголема отколку за време на вториот круг од претседателските избори во 2020 година, кога на гласачките места излегле 24,73 проценти од гласачите, додека на 18 мај оваа година за време на првиот круг од претседателските избори, излезноста до овој момент била 20,28 проценти.

За време на претседателските избори во 2020 година, вкупната излезност на вториот круг од претседателските избори изнесувала 68,18 проценти.

Би можело да ве интересира

Полска одбива да испорача системи „Патриот“ за операции против Иран

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Сикорски: Американските гаранции за сојузниците сè во помало пакување, но цената останува иста