Во пожарот што утрово го зафати магацинот на Изборната комисија во Демократска Република Конго, изгореа илјадници гласачки кутии и електронски гласачки машини, 10 дена пред претседателските избори.
Изборната комисија соопшти дека се уште е рано да се утврди причината и штетата од пожарот.
Изгореа околу 7.000 изборни машини, а министерот за безбедност Хенри Мова истакна дека тоа е 10 отсто од избирачкиот материјал, што ќе биде заменет „многу брзо“.
– Не можеме да донесуваме преуранети заклучоци, но не и да ги отфрлиме криминалните претпоставки, посочи Мова додавајќи оти во исто време избил пожар на две места во магационот.
Властите во ДР Конго најавија дека на изборите што треба да се одржат на 23 декември првпат ќе бидат користени електронски гласачки машини, што се ретка појава во Африка.
Електронските гласачки машини предизвикаа загриженост кај опозицијата, дипломатите и експертите поради можна манипулација со резултатите во корист на наследникот на актуелниот претседател Џозеф Кабила.