Изгласана недоверба на конгресмен кој постираше анимиран филм со приказ на насилство врз конгресменка и претседателот Бајден

Од:

Претставничкиот дом синоќа му изгласа недоверба на републиканскиот конгресмен Пол Госар, со што тој е отстранет од сите комитетски позиции, а му се заканува и оставка, откако постираше видео кое алудира на убиства на демократската прогресивна конгресменка, Александра Окасио Кортез и претседателот Џо Бајден.

Кортез синоќа ги критикуваше републиканците кои одбија да гласаат, додавајќи дека кога законодавците споделуваат описи на насилство против самите себе „тоа се сведува на насилство“, и дека придонесува за зголемениот тренд на расизам и омраза кон жените во САД. Демократите се мнозиство во Долниот дом на американскиот Конгрес.

Пред гласањето, Госар изјави дека тврдењето на демократите дека тој е опасен и претставува закана за општеството било „погрешно толкување“. Тој не се извини но го истакна фактот дека своеволно го избришал видеото што го објави на Твитер минатата недела од „сочувство“ за оние кои се почувствувале навредени.

Неговите изјави на Твитер предизвикаа илјадници коментари на поддршка од страна на следбениците. Веднаш по гласањето, тој му ретвитна на познат десничарски водител за истото видео.

Објавата, што сега е избришана, е преправена снимка од почеток на анимиран серијал во кој карактер од филмот носи лик на Госар кој со мечеви замавнува кон ѕверови чии лица се преправени со оние на Кортез и на Бајден.

Објавата веднаш предизвика негодувања од демократите, некои повикаа на негова оставка. Спикерката Ненси Пелоси изјави дека тоа е „ужасно видео“.

Госар е првиот член на Претставничкиот дом на кого после повеќе од една деценија му е изгласана недоверба.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски