Изгласана доверба во новата словачка влада, Едуард Хегер останува премиер

Од:

Купувањето на руската вакцина Спутник В предизвика политичка криза во Словачка, поради што денеска се гласаше за доверба на новата влада, а пратениците му изразија доверба на премиерот Едуард Хегер со 89 гласа „за“ и 55 „против“.

Претседателката Зузана Цапутова формираше нов кабинет на 1 април кога владата предводена од Игор Матович поднесе оставка, по критиките за начинот на кој ја водеше земјата за време на пандемијата.

Матович склучи договор за купување на два милиони дози на Спутник, иако неговите коалициски партнери не се согласија со идејата.

Новата влада повторно е составена од четирите досегашни колициски партнери и со гласање доверба на нова влада ја избегна можноста за предвремени избори.

Две партии, Партијата на солидарност и Партијата за народот, побараа оставка од премиерот за да опстои коалицијата.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина