Изгласана доверба на Владата на Италија

Од:

Италијанскиот парламент денеска и изгласа доверба на Владата на премиерот Енрико Лета.


Во Долниот дом на Парламентот 427 пратеници се изјаснија „за“ доверба на Владата, а 167 „против“. По ова, гласање за доверба на Кабиентот на Лета треба да се спроведе и во Сенатот.


Денешното гласање за доверба на Владта беше иницирано со цел да се забрза усвојување на Предлог-законот за финансисрање на јавните работи и намалување на бирократијата.


Гласањето беше организирано за да заврши расправата за 800 предложени амандмани на Предлог-законот. Таквите гласања за доверба често се користат за забрзување на процесот на усвојување на закони во италијанскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски