Изгаснат оган кој горел пет години

Од:

Огнот кој што повеќе од пет години гореше на една депонија за гуми во јужно Порторико, конечно е изгаснат, објави американската Агенција за заштита на животната средина (ЕПА).

Официјални лица од агенцијата наведуваат дека пред неколку недели владата на Порторико ја повикала агенцијата и побарала помош во гаснење на огнот, во градот Пенуелас на јужниот брег на Порторико.

Огнот започнал да гори во август 2008 година и од тогаш константно горел, иако локалните официјални лица делумно го контролирале со смет, наведуваат од ЕПА.

-Одредени видови индустриски пожари може да горат долго време- рече портпаролот на ЕПА, Елиас Родригез и додаде дека огнот кој што е изгаснат, бил „упорен“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Во февруари имало вкупно 448 пожари на отворен простор

Активни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани

ЦУК: Во последното деноноќие 1.747 повици на 112, десетина пожари на отворено иако е зима

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Два големи пожари во Русија

Горан Наумовски

ЦУК: Активен е еден пожар кај месноста „Мала Река“ во општина Студеничани

ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено