Издадено предупредување за ураган за Њу Орлеанс

Од:

Американскиот национален центар за истражување на ураганите издаде предупредување за ураган за Њу Орлеанс и реонот на езерото Пончартрејн.

Такво предупредување вчера беше издадено и за реонот меѓу Гранд Ајл, државата Луизијана, и границата меѓу државите Алабама и Флорида.

Според центарот за истражување на ураганите, тропската бура Нејт зајакнува и се очекува да прерасне во ураган вечерва по локално време или утре изутрина да го зафати крајбрежјето на САД.

Се очекува во следните часови да премине во близина или над брегот на мексиканскиот полуостров Јукатан.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД