Издаден налог за апсење на уште 122 воени лица поради неуспешниот обид за пуч во Турција

Од:

Турските власти денеска издадоа налог за апсење на 122 припадници на армијата под сомнение дека се поврзани со мрежата на имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а Анкара го обвинува за организатор на неуспешниот воениот удар во 2016 година.

Обвинителството соопшти дека полицијата презела една операција во Истанбул, каде трага по 40 осомничени, меѓу кои има и високи воени офицери, а акции за апсење се спроведуваат и во провинциите Измир и Конија.

Полицијата во Измир трага по 42 осомничени, а во Конија по 40 лица.

Три години по неуспешниот обид за пуч над 77.000 луѓе во затвор чекаат судење, а околу 150.000 државни службеници, припадници на армијата и други се сменети или суспендирани од работа.

Би можело да ве интересира

Тројца исчезнати во хеликоптерска несреќа во Турција, еден пожарникар пронајден жив

ВИДЕО: Голема спасувачка акција за извлекување на Американец загавен во пештерски комплекс во Труција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Најмалку седум жртви во полавите во Грција, Турција и во Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Застрашувачко невреме во Турција: Двајца мртви, се трага по четворица

Катерина Ѓуровски

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

12 лица загинаа, а 19 се повредени во автобуска несреќа во Турција

Горан Наумовски