Избрани 11 потпретседатели на Европскиот парламент

Од:

Европратениците избраа 11 од 14 потпретседатели на Европскиот парламент.

За да бидат избрани за потпретседатели, кандидатите мора да добијат најмалку 331 гласови (апсолутно мнозинство од 661 лице – пратеници кои се регистрирани на состанокот). Ова денеска го постигнаа 11 кандидати. За останатите три места, ќе се одржи втор круг гласање со шестмина кандидати.

Меѓу избраните 11 има тројца Германци, еден Ирец, еден Финец, еден Португалец, еден Австриец, еден Полјак, двајца Унгарци и еден Чех. Петмина се од Европската народна партија, тројца од социјалистите и демократите, еден од Зелените и двајца од Обновена Европа.

Кандидатите за останатите три места се по еден пратеник од Грција, Чешка, Полска и Финска и двајца од Италија.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина