Изборите во Боливија поради пандемијата одложени за 6 септември

Од:

Парламентарните избори во Боливија, одложени поради пандемијата на коронавирус, ќе бидат на 6 септември, наместо на 3 мај, како што беше планирано, рече претседателот на Врховниот изборен суд, Салвадор Ромеро.

Боливија, која се наоѓа во длабока криза, има привремен претседател – сенаторката Жанин Ањез, бидејќи претседателот Ево Моралес поднесе оставка во ноември 2019 година под притисок на војската и опозицијата, која не го прифати неговото тврдење дека повторно победил на претседателските избори.

Сепак, Моралес контролира значително парламентарно мнозинство од десницата и во двата дома на Парламентот, што може да се промени на одложените избори во септември.

Во Боливија, која има 11 милиони жители, досега се регистрирани над 10.000 луѓе заразени со коронавирус, од кои повеќе од 300 се починати. Економските активности продолжија на 1 јуни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукано во возилото на поранешниот претседател на Боливија

Пропадна обидот за државен удар во Боливија, уапсен е водачот на бунтот

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он