Избори во Франција: „Заедно“ на Макрон 25,75 отсто, левицата 25,66 отсто гласови

Од:

Центристичката алијанса „Заедно“, предводена од францускиот претседател Емануел Макрон, влегува во вториот круг од изборите за Долниот дом на Парламентот со многу слаба предност пред левицата, покажаа конечните резултати од изборите во Франција.

Алијансата „Заедно“ освои 25,75 отсто од гласовите, покажува објавениот резултат на Министерството за внатрешни работи, додека левичарскиот блок „НУПЕС“ на чело со Жан-Лук Меланшон е втор со 25,66 отсто.

Според последните податоци на стратешката агенција Елабе, „Заедно“ ќе освои меѓу 260 и 300 места во парламентот, а за мнозинство ќе бидат потребни 289.

Левицата треба да освои меѓу 170 и 220, што е значително зголемување во однос на 2017 година.

Еден од најблиските сојузници на Меланшон, Мануел Бомпар, кој се кандидира за место во Марсеј, ја доведе во прашање веродостојноста на резултатите.

„Внимателно поради новата манипулација (на министерот за полиција) Дарман“, објави Бомпар рано утринава на Твитер. Тој тврди дека „НУПЕС“ освоил околу 200.000 гласови повеќе отколку што покажуваат официјалните резултати, но за ова тврдење не покажал докази, јавија француски медиуми.

Излезноста на вчерашните избори беше на историски ниско ниво со 47 отсто од гласачите, а вториот круг ќе се одржи на 19 јуни.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт