Избори во Франција: Сојузот на Макрон и Левицата израмнети по првиот круг

Од:

Според проекциите, врз основа на делумните изборни резултати се очекува центристичката алијанса на францускиот претседател Емануел Макрон да го задржи парламентарното мнозинство откако денеска се одржа првиот круг од парламентарните избори во Франција.

Според проекциите, партијата и сојузниците на Макрон освоиле меѓу 25 и 26 отсто од гласовите, што значи дека се речиси еднакви по бројот на гласови со новата левичарска коалиција составена од поддржувачи на тврдокорните левичари, социјалисти и Партијата на зелените.

Сепак, се предвидува дека кандидатите на Макрон ќе победат во поголем број изборни единици од левичарските ривали, што ќе му даде мнозинство на сојузот на Макрон, пренесува АП.

Белгискиот весник „Либр“ повикувајќи се на првите две излезни анкети спроведени од неколку институти за испитување на јавното мислење во Франција, објави дека Центристичката алијанса заедно на францускиот претседател Емануел Макрон и левичарскиот Нов народен еколошки и социјален сојуз Жан-Лук Меланшон освои приближно ист број гласови – околу 25 проценти.

Следи екстремно десничарскиот сојуз Национално собрание Марин Ле Пен со 18,9 отсто, републиканците и нивните сојузници со 13,7.

Би можело да ве интересира

Напад со секира во француски воз, четворица повредени, двајца се во тешка состојба

А1он

Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

А1он

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски