Избори во Чешка за членови на Сенатот и органите на локалната власт

Од:

Во Чешка попладнево започна гласањето за избор на една третина од членовите на Горниот дом на Парламентот, Сенатот и на органите на локалната самоуправа.

Околку 8,4 милиони Чеси со право на глас денеска од 14 до 20 часот и утре од 8 до 14 часот ќе избираат 27 од 81-член на Сенатот.

Во трката за сенаторските места се вкупно 236 кандидати предложени од политички партии и движења.

Согласно чешкиот Устав, на секои две години се одржуваат избори за по една третина од членовите на Сенатот.

Во исто време, се одржуваат и локални избори на кои за места во органите за локалната власт се борат околу 216.000 кандидати, што е за 17.000 помалку во однос на претходните избори.

На локалните избори, покрај чешките државјани, право на глас имаат и граѓаните на земјите членки на ЕУ со постојано место на живеење во Чешка.

Според анкетите на јавното мислење, најголеми шанси за победа на изборите имаат кандидатите на популистичката партија Акција на незадоволните граѓани (АНО) на чешкиот премиер Андреј Бабиш.

Од друга страна, се очекува коалицискиот партнер на АНО во Владата, Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) по овие избори да го загуби мнозинството во Сенатот, што според аналитичарот, Јан Херцман, ќе претставува „јасен сигнал дека партијата е во длабока криза“.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар