Француските пратеници рано изутринава го завршија разгледувањето на законот со кој се предвидува „брак за сите“, по дводневна остра дебата за време на која беше избегната тепачка во Собрание, пропратена со демонстрации на противниците на хомосексуалните бракови, јави дописникот на МИА од Париз.
Дебатата беше отворена во средата и заврши изутринава во 7 часот и 35 минути, со што во вторник дефинтивно ќе биде ставен на гласање законот со кој се дозволува брак за сите.
Владината коалиција ги отфрли сите амандмани на опозицијата, која сега како можност да го оспори законот ја има само жалбата пред Уставниот совет. Опозициската УМП го искористи своето време за дискусија, околу 4 часа и по читањето на преостанатите амндмани, дваесетина пратеници од УМ го објаснија нивното гласање.
Во текот на ноќта, по полноќ во Собранието за малку беше избегната тепачка меѓу пратениците од опозицијата и еден советник на министерката за правда. Предизивикани од мимиките на советникот, тие станаа од нивните места и со извици „Надвор!“, „Надвор!“, се приближија опасно до местата резервирани за владата.
Функционерите на Собранието заедно со министерот за односи со парламентот Алан Видалес успеаа да ја спречат тепачката и да го заштитата владиниот функционер. Министерот за односи со парламентот изјави дека тој со триесетгодишно парламентарно искустви никога не видел нешто слично, додека претседателот на Националното собрание Клод Бартолон го осуди ваквото однесување со физичките закани.
Според пратеникот Бернар Роамн од редовите на социјалистите во турканицата биле разменети и удари, при што еден функционер на собранието бил удрен. Истовременово близината на националното собрание силите на редот уапсија десетина лица кои протестираа на насилнички начин против донесувањето на законот за хомоскесуалните бракови.