Избегната голема несреќа во Полска, полициско возило удри во спасувачки хеликоптер на автопат

Од:

Полициски автомобил удрил во спасувачки хеликоптер на брзата помош на автопат во Полска додека медицинските лица лекувале повреден мотоциклист, јавија полските медиуми.

Хеликоптерот, кој беше оштетен во судирот, слета на автопатот А2 во западна Полска по судир со полициски автомобил, објави порталот РМФ 24.

Според медиумите, додека лекарите од итната помош му помагале на повредениот мотоциклист, возачот на полицискиот автомобил ја игнорирал препреката и удрил во спасувачкиот хеликоптер, по што го напуштил местото на судирот.

Во тек е технички преглед на хеликоптерот за да се утврди степенот на штетата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани

(ВИДЕО) Драма во Лондон: Комбе влета во пешаци, има мртви и повредени

Драма во Полска: Туристи затрупани под снежна лавина, спасувачите не ја знаат точната бројка

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат