Ивашченко: Русија распоредува балистички ракети со среден дострел „Орешник“ во Белорусија насочени кон Европа

Од:

Русија распоредува балистички ракети со среден дострел „Орешник“ во Белорусија, насочени кон Европа, тврди шефот на Службата за надворешно разузнавање на Украина, Олег Ивашченко.

„Гледаме мерки за подготовка и распоредување на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ на територијата на Белорусија. Русија и Белорусија градат воени објекти за системи за лансирање, системи за надзор и комуникација, кои се елементи на системот „Орешник“. Сепак, досега, овие мерки не се спроведени“, рече тој, пренесува „Укринформ“.

Според Ивашченко, Русија физички може да го постави лансирното возило во Белорусија, но без да ја заврши изградбата на другите елементи, тоа ќе служи само како макета.

Шефот на разузнавачката служба на Украина изјави дека дури и ако „Орешник“ биде распореден на територијата на Белорусија, Минск нема да има никакви права или овластување да го користи.

Ракетилниот систем „Орешник“ ќе биде дел од унифицираниот команден систем на стратешките ракетни сили на Руската Федерација.

Би можело да ве интересира

Зеленски: САД да останат на страната на Украина

Путин: Русија ќе го зголеми потенцијалот и борбената готовност на своите вооружени сили

„Фајненшл тајмс“: Иран и Русија имаат таен договор вреден 500 милиони евра

Фицо: Политиките кон Украина ја разнишуваат довербата во ЕУ

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Путин потпиша закон – кога ќе реши ќе го исклучи интернетот во Русија

А1он