Италијанското обвинителство ги отфрли обвиненијата против синот на Ердоган

Од:

Италијанското обвинителство се откажа од кривично гонење на синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој беше осомничен за перење на пари, соопшто Обвинителството.

Одлуката е донесена шест месеци откако Ердоган се пожали во телевизиско интервју дека италијанското правосудство „го малтретира“ неговиот син Билал.

– Италија треба да се занимава со мафијата, а не со мојот син, изјави Ердоган, додавајќи дека апсењето на Билал Ердоган во случај на враќање во Италија „би можело да предизвика проблеми“ во односите меѓу Анкара и Рим.

Обвинението против Билал Ердоган (35) дека бил вмешан во перење на пари додека студирал во Италија прв го изнесе Мурат Хакан Узан, член на една од најбогатите турски семејства и противник на Ердоган. Узан живее во егзил во Италија.

Обвинителите ги истражуваа парите кои Билал, според кривичната пријава ги донел во Италија од Турција додека бил на докторски студии.

Билал, кој во меѓувреме се врати во Турција, ги негираше обвиненијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски